Трамвај што се движеше по улицата Цара Душана во Белград излета од шините и удри во зграда на аголот од улицата Книќанинова.
Несреќата се случила утрово околу 9:30 часот, јавува Н1.
Како што може да се види на видеото што ни го испратија сведоците, кабината на трамвајот е целосно смачкана, а некои седишта се откорнати од ударот.
Во моментов нема информации за причината за несреќата, ниту за повредените. Службата за брза помош соопштила за Н1 дека екипи се на местото на настанот.












