Македонскиот суперлигаш и третопласирана екипа во македонскиот шампионат ГРК Охрид со гол предност се врати од гостуваше кај Татабања (Унгарија), по првиот финален натпревар од Европскиот Куп на ЕХФ. Охриѓани иако имаше шест гола позитива во еден момент, победникот го даде драматичен финиш, тоа беше македонскиот кој со голот на Дарко Ѓукиќ славеше со 29:28.
Избраниците на тренерот Борис Ројевиќ, можеа уште на овој натпревар да го решат прашањето околу победникот бидејќи водеа во текот на целиот натпревар, на моменти и со седум разлика, но во второто полувреме мораа да се спрвуваат и со противникот и со судии кои решија да ги земат работите во свои раце. Во секој случај, резултатот е одличен и нема сомнение дека идната недела (31. мај) во „Билјанини извори“ ќе имаат огромна шанса за првиот трофеј во клупската историја. Доколку го освојат пехарот во ова натпреварување, Охрид на тронот ќе го наследи македонскиот тим РК Алкалоид, кој минатата година по многу драма во финалето на ова натпреварување беше подобар од грчки АЕК – Атина.
По мечот, играчот Дарко Ѓукиќ,, истакна дека неговиот тим го дал максимумот и дека оваа минимална победа е повеќе од вредна, иако остава простор за жалење.
„Мислам дека го дадовме максимумот и стигнавме до минимална победа, која ако некој ни ја понудеше пред натпреварот сигурно ќе ја прифатевме. Сепак, може да жалиме што не искористивме предност од шест-седум гола разлика“, изјави Ѓукиќ.
Тој го пофали изданието во одбраната во првото полувреме, но посочи дека во вториот дел работите се промениле, вклучително и судискиот критериум.
„Првото полувреме одигравме одлично во одбраната, но во вториот дел мислам дека критериумот не беше ист за двете страни, што можеби е нормално затоа што ние бевме гости“, додаде српскиот ракометар.
Реваншот во Охрид ќе биде клучен за конечната одлука, а Ѓукиќ е уверен дека со поддршка од трибините неговиот тим може да ја заврши работата.
„Ќе го дадеме максимумот за победа и во нашата тврдина во Охрид и заедно со нашите фанови кои не бодреа и тука да го прославиме европскиот трофеј“, порача Ѓукиќ.
Иванковиќ и Ѓукиќ беа најефикасни во тимот на Охрид со по седум гола. Македонскиот репрезентативец во редовите на Татабања, Филип Талевски го заврши мечот со два гола.
ФОТО: ГРК Охрид











