петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Софија, ќерката на Елена Велевска го прослави својот 18. роденден – ...

Софија, ќерката на Елена Велевска го прослави својот 18. роденден – стана полнолетна!

162

Вратата од светот на возрасните ширум ѝ се отвори!

 Популарната македонска фолк-пејачка, Елена Велевска, деновиве има причина за радување. И тоа голема причина. Нејзината најстара ќерка, атрактивната Софија, го прослави својот 18. роденден, со што вратата од светот на возрасните ширум ѝ се отворија. Елена секогаш гордо истакнува, и тогаш кога ѝ било најтешко по разводот, дека децата ѝ се најголемиот успех и гордост во животот. Секогаш има време за нив – да комуницира, да се забавува или, едноставно, да се заедно дома, покрај телевизорот.

Убавата роденденска забава се одржа во еден хотел во Охрид. Семејството Велевски имаше многу поканети гости, роднини, пријатели и естрадни колеги на пејачката. Меѓу првите се огласи фолк-пејачката Сузана Гавазова, која на славеничката ѝ посака: „Среќен роденден и среќно полнолетство!” Со самото тоа, паднаа во вода сите озборувања дека Елена и Сузана се скарани, поради тоа што една на друга се остра естрадна конкуренција. Сега има и доказ дека пејачките се, всушност, добри другарки, а сето останато е измислица на дежурните градски трачарки.

Славеничката Софија блескаше во елегантен бел фустан, заедно со мама, помалиот брат Марко и сестричката Калија. Софија веќе одамна го привлекува вниманието на јавноста со својата природна грациозност, а многумина коментираат дека таа е „слика и прилика“ на својата популарна мајка. Останува уште и да тргне по нејзините естрадните стапки, за што нема да се покае. Елена е успешна, комуникативна, секогаш распеана и мила во народот. Таква ќе биде и ќерката Софија, ако одлучи да стане пејачка. Тоа го прогнозираат оние што најдобро ја познаваат.

(Д. М.) фото:ФБ

 

ИЗДВОЕНИ