сабота, јуни 6, 2026
Дома БАЛКАН ПЕКОЛНО ЛЕТО НА ПРАГОТ: Доаѓаат екстреми, жештини и опасни суперклеточни бури?!

ПЕКОЛНО ЛЕТО НА ПРАГОТ: Доаѓаат екстреми, жештини и опасни суперклеточни бури?!

214

Екстремни услови нè очекуваат во регионот ова лето, бидејќи температурите ќе се движат до 42 степени, што го прави периодот од јули до септември еден од најтешките во последните години.

Српскиот метеоролог Иван Ристиќ вели дека првиот тропски бран од ова лето нè очекува во текот на третата декада од јуни.

– Кога ќе ја надминеме непредвидливата пролет, која ќе биде потопла од просекот за 0,5 до 1 степен, нè очекува топол шок бидејќи ќе следат сериозни летни горештини. Постои голема веројатност да имаме четири топлотни бранови ова лето. Имено, долгорочните прогнози покажуваат дека летото ќе биде екстремно жешко. Најжешките периоди од летото, или најсилните топлотни бранови, ќе бидат во текот на третата декада од јуни и третата декада од јули – вели Ристиќ во својата временска прогноза и додаде:

– Јули 2026 година ќе биде месец на екстреми. Ристиќ предвидува просечни максимални температури помеѓу 26 и 30 степени, но со поголем број тропски денови. Најжешкиот период се очекува околу 25 јули, кога термометрите би можеле да покажат неверојатни 42 степени. Посебен фокус е на втората декада од јули, која се смета за критична за формирање на суперклеточни бури.

За разлика од јуни и јули, забележува Ристиќ, август би требало да биде постабилен.

– Ќе биде вистински летен месец, тропски и топол со многу топлина. Под влијание на приливот на топол африкански воздух, кој ќе трае практично од крајот на јуни до септември, топлотните бранови во август ќе бидат долготрајни. Со мерења и до 40 степени – вели Ристиќ.

Ваквите временски прогнози се вклопуваат и во глобалната слика на „Severe Weather Europe“, која нагласува дека „Супер Ел Нињо“ ги засилува екстремите и ја менува стабилноста на атмосферата, претворајќи го летото во сезона со висок ризик.

ИЗДВОЕНИ