четврток, јуни 25, 2026
Дома КУЛТУРА Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, 54. издание на „Мајските оперски вечери“...

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, 54. издание на „Мајските оперски вечери“ е прогласено за отворено: Премиера на две опери за сладокусците/ФОТО

423
Фото:П.Стојановски

Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали нашата оперска првенка со интернационална кариера, Ана Дурловски, вечерва, на 9-ти мај, започна 54-тото издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“ .

Првпат во постоењето на манифестацијата, фестивалот се отвора со премиера на две опери – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“ на Џакомо Пучини. И двете опери се во режија на Пјер Франческо од Италија, а честа да диригира на отворањето му припадна на Џанлука Мартиненги од Италија. Сценографијата е на Гилермо Нова од Шпанија, а костимографијата на Кристина Ачети од Италија.

Фото:П.Стојановски

ИЗДВОЕНИ