понеделник, јули 20, 2026
Дома СКОПСКА Со „Шаховско утро“ се одбележува Меѓународниот ден на шахот

Со „Шаховско утро“ се одбележува Меѓународниот ден на шахот

88

По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи утре со почеток во 9:00 часот, на платото пред „Млечен“.

Од Општината информираат дека настанот има цел да го промовира шахот како интелектуална игра што ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување.

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден.

– Со организирањето вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности што ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница – велат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ