Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, објави дека на еден од влезовите во главниот град е поставена светлечка табла со натпис „Добре дојдовте во Скопје“. Тој истакна дека „Добре дојдовте во Скопје“ е симболична порака со која се испраќа топло добредојде до сите што пристигнуваат во нашиот град.
– Го разубавуваме Скопје со љубов, внимание и со посветеност, затоа што е важен секој детаљ кога градиме град со препознатливо лице и со топла душа – напиша Ѓорѓиевски.












