петок, јуни 5, 2026
Дома МАГАЗИН Со покана за забава, Скопје никогаш не звучело повесело!   

Со покана за забава, Скопје никогаш не звучело повесело!   

53

Џек Даниел, шармер и џентлмен, има нова химна за ноќните журки

Скопје добива нова музичка химна за ноќниот живот! Со енергија што се чувствува уште од првите тактови, Џек Даниел (Jack Daniel) ја претставува својата најнова песна „Во Скопје“ – динамична, разиграна и создадена за журки што траат до раните утрински часови. Уште на самиот почеток, певливиот рефрен вели: „Во Скопје има журка, земи друштво дојди, Џек Даниел за нас е тука одма појди…“ Така станува јасно дека ова не е само песна – ова е покана за забава.

Инспирирана од урбаниот ритам на главниот град, „Во Скопје“ го доловува она чувство кога градот никогаш не спие – музика, насмевки и добра енергија на секој чекор. Песната носи модерен фанки звук, кој совршено се вклопува со сценскиот настап и со харизмата по која е препознатлив Даниел.

Зад музиката стои докажан тим – композицијата е дело на Петрос Лаковидис, текстот го напиша самиот изведувач, додека за продукцијата се погрижи Горан Мирковски – „Мјузик саунд“, давајќи ѝ на песната модерен и „радиофрендли“ звук. Но оваа приказна не застанува тука.Видеото за песната е вистинска визуелна разгледница на Скопје – ноќни кадри, динамика, урбана атмосфера и енергија која се пренесува директно на гледачот. Снимено е со дрон и реализирано од продукција „Арт студио“, во соработка со телевизијата Балкан мјузик. Спотот дополнително ја засилува приказната што ја носи песната.

Интересен детаљ е и кастингот за спотот. За само неколку часа, огромен број девојки се пријавиле да бидат дел од видеото, што само ја покажува популарноста и интересот околу новиот хит. Џел Даниел, познат како шармер и џентлмен на сцената, уште еднаш ни докажа дека знае како да ја почувствува публиката. Неговата комуникација со фановите  е дел од неговиот успех, а токму тоа се чувствува и во оваа песна. Така, „Во Скопје“ не е само уште една обична песна – тоа е атмосфера, тоа е движење, тоа е чувство. И ако судиме по енергијата што ја носи, ова топло лето ќе звучи токму така: хитовски, по летните тераси, во дискотеките, кафулињата…

 

 

ИЗДВОЕНИ