За поквалитетно одржување на јавната чистота и на јавните зелени површини во општина Илинден, набавена е работна машина, трактор со приклучна механизација, телескопска рака за косење и кастрење вегетација (мулчер) која ќе биде за потребите на општинското јавното комунално претпријатие.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека возилото ќе се користи за одржување на јавните зелени површини, чистење на локалните патишта од вегетација, пришто ќе се придонесе за зголемување на безбедноставо сообраќајот како и за отстранување на покрупната вегетација на тешко пристапни места. Тој додаде дека во наредниот период за ова возило планирано е да се набави дополнителна приклучна механизација која ќе се користи за метење улици, чистење на патишта во зимски услови, пошумување и озеленување, превоз на отпад и заорување на противпожарни појаси.
-Со континуираното модернизирање и обновување на опремата на јавните комунални претпријатија се овозможува поквалитетна, побрза и поефикасна комунална јавна услуга за граѓаните – велат од Општина Илинден.