четврток, јули 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Со БМВ го влечел цариникот откако му нашле дрога и оружје

Со БМВ го влечел цариникот откако му нашле дрога и оружје

Уапсен косовски државјанин на граничен премин Блаце

208

Косовски државјанин е уапсен откако  се обидел да избега од царинска контрола на граничниот премин Блаце, при што со возилото оттурнал и неколку метри влечел царински службеник. По полициска потера бил запрен на „Јадранска магистрала“ во Скопје, а кај него биле пронајдени марихуана и џебен нож.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за Р. Е. (24), косовски државјанин. Инцидентот се случил на 15 јули околу 22 часот, кога за време на царинска контрола на неговото „бе-ем-ве“ со косовски регистарски таблички, тој ненадејно го стартувал возилото и избегал кон Скопје. Притоа оттурнал царински службеник, кој бил влечен неколку метри.

По пријавата, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција веднаш почнале потрага и набргу го запреле возилото на улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје. Р. Е. бил лишен од слобода.

При преглед на теренот, полицијата пронашла кеса со марихуана, а во возилото бил пронајден и џебен нож. Осомничениот им кажал на полицајците дека за време на бегството фрлил уште една кеса во која, според неговата изјава, имало два пиштола.

Тој е приведен во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ИЗДВОЕНИ