четврток, јули 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Јакимовски прегледан од лекар, во добра здравствена состојба е

Јакимовски прегледан од лекар, во добра здравствена состојба е

Екс градоначалникот на Карпош чека ќелија во Шутка

0

Поранешниот градоначалник на Карпош Стевче Јакомовски е во добра здравствена состојба и е сместен во приемното одделение на затворот Скопје во Шутка, вели за весникот Вечер директорот на установата Бобан Утковски.

„Прегледеан е од домскиот лекар, има историја на болести ќе биде соодветно третиран, разговарано е со него за лкеарската терапија, нешто ќе се обезбедува преку затворот, нешто од неговите. Осуденикот сеуште не е распределен во ќелија, ќе се постапува согласно сите конвенции за правата на затворени лица, вели Утковски во изјава за ВЕЧЕР.

Јакимовски се пријавил сам во затворот во средата попладнето околу 16 часот на издржување на преостанатиот дел од затворската казна откако Кривичниот суд ги разгледа неговите медицински документи и ја одби жалбата за одложување по неодамнешната операција. Според должината на казната од шест ипол месеци, тој најверојатно треба да излезе по Нова Година.

Дека сам се пријавил во затворот, објавија од неговата партија „Гром“, обвинија оти ова е единствениот случај во кој ќе се издржува затворска казна за изммислено кривично дело.

-Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра кирија доколку користеше простор под закуп и она што е најбитно тој е единствениот случај во Европа кој ќе одлежува ефективна казна затвор за ова исмислено кривично дело за поставување на времен објект со одлука на Совет на општина, со потврдена програма за работа од истиот, програма за јавни набавки и обезбедено пари од Буџет на општината. Тој бараките не ги постави за своите деца и своето семејство, туку за граѓаните на Карпош – стоеше во соопштението.

Судскиот процес против Јакимовски траеше повеќе од шест години, а во април минатата година тој првостепено беше осуден на три и пол години затвор за две дела, бесправно градење и злоупотреба на службената положба. Сепак, скопска апелација во јуни годинава донесе конечна одлука со која ја преиначи пресудата и го врати делот за злоупотреба на службата на повторно судење, но ја потврди едногодишната затворска казна за бесправното градење кое се однесува на двете времени бараки во дворот на основното училиште „Лазо Трповски“. Бидејќи во казната му се пресметуваат и петте месеци поминати во куќен притвор во 2019 година, ефективното време кое Јакимовски треба да го помине зад решетки изнесува точно шест и пол месеци.

Веднаш откако Апелацискиот суд ја потврди пресудата, Стевче Јакимовски остро реагираше во јавноста, оценувајќи дека станува збор за политички мотивиран процес насочен кон негова дискредитација. Тој тврдеше дека пресудата е резултат на притисоци од политички центри на моќ и јавно го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека стои зад целиот случај. Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати упатуваа сериозни обвинувања кон Јакимовски, тврдејќи дека за време на неговото раководење со Општина Карпош бил создаден урбанистички хаос и дека биле овозможени злоупотреби поврзани со атрактивно градежно земјиште. Партијата обвинуваше и за, како што велеше, незаконско богатење на членови на неговото семејство преку парцели во елитните населби Жданец и Бардовци.

Аферата доби и меѓународен одек кога во март 2024 година американскиот Стејт департмент го стави Јакимовски на „црната листа“ на санкционирани лица. Како причина беше наведена неговата наводна вмешаност во значителна корупција, поврзана со урбанистичкото планирање и постапките за јавни набавки.

И покрај судските постапки што се водеа против него, Јакимовски се кандидираше и на последните локални избори во ноември минатата година. Во неизвесна изборна трка не успеа да обезбеди нов мандат за градоначалник на Карпош, откако беше поразен од Сотир Лукровски.(П.А.)

 

ИЗДВОЕНИ