сабота, септември 5, 2026
Дома СВЕТ Смената на министерот за одбрана го потпали незадоволството: Среде жестока војна, протестите...

Смената на министерот за одбрана го потпали незадоволството: Среде жестока војна, протестите во Украина не престануваат

99
Фото: EPA/MYKOLA TYS

Протестите во Киев, Лавов и во други украински градови не престануваат откако минатата недела претседателот Володимир Зеленски го разреши министерот за одбрана, Михајло Федоров.

Зеленски рече дека слуша што зборуваат луѓето и дека разговарал со Федоров и со врховниот воен командант, Олександр Сирски, пренесува ДПА. Тој кажа дека се разработуваат одлуките за армијата, но не даде детали.

Клучно барање на демонстрантите е Зеленски да го замени Сирски, зашто неговиот конфликт со Федоров се смета за причина за разрешувањето. И според Зеленски, причина за неговото разрешување е длабокиот судир меѓу Министерството за одбрана и Генералштабот. Тој призна дека односите меѓу Федоров и заповедникот на украинската армија, генерал Олександр Сирски, станале неодржливи и дека морал да избере една страна за да се зачува единството во време на војна.

Но, голем дел од јавноста смета дека токму Федоров бил носител на реформите и симбол на модернизацијата на украинската војска. Демонстрантите тврдат дека неговото заминување претставува чекор назад и бараат не само негово враќање туку и политичка одговорност од воениот врв. Меѓу илјадниците граѓани, на протестите се појавија и ветерани, активни војници, волонтери и претставници на граѓански организации, што им даде дополнителна тежина.

ИЗДВОЕНИ