Во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп на 26 -ти октомври од 18 ч. концерт ќе одржи Октетот Прилеп.
Октетот Прилеп ќе го одржи својот годишен концерт. Ќе се претстави со дел од својот репертоар на староградска песна, но и избор на ново подготвени композиции, со кои ќе го предизвика интерсот на јавноста.
Гости на вечерта се Сашо Башески, Викторија Георгиеска и Михаил Милошески.
Октетот Прилеп, долги години работи под патронство на ЦК „Марко Цепенков“ и има реализирани многубројни концерти во земјава и учествувано на фестивали.












