понеделник, август 24, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Скопје прекриено со чад, граѓаните пријавуваат мирис на изгорено

Скопје прекриено со чад, граѓаните пријавуваат мирис на изгорено

187

Голем дел од Скопје денеска е прекриен со густ сив чад, а граѓаните пријавуваат интензивен мирис на изгорено. Засега нема официјална информација од каде потекнува чадот, ниту каде точно има пожар.

Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека чадот се чувствува и во различни делови од градот.

„Зачаденоста на градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден“, велат во изјава за весникот ВЕЧЕР од Центарот за управување со кризи.

ИЗДВОЕНИ