четврток, јули 16, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Скопје повторно ќе добие саем

Скопје повторно ќе добие саем

68

По осум години без саемски простор, Скопје повторно ќе добие современ саемски комплекса, ова во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ го најави директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, откривајќи дека веќе е обезбедена потенцијална локација и дека проектот ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство.

Томовски посочи дека државата во моментов нема сопствен саемски простор и дека се прават последните проверки околу имотно-правниот статус на предложената локација.

„Ние како држава сега немаме саем. Имаме некоја локација во најава, чекаме уште да видиме со Град Скопје и Катастар дали таа локација е чиста. Планирано е да се изградат неколку хали за саем, спортски терени и хотел. Би барале приватен инвеститор кој ќе го реализира проектот, за државата да не вложува 50 милиони евра, а објектот сепак да остане во државна сопственост“, изјави Томовски.

Тој не ја откри точната локација, но посочи дека се наоѓа во близина на студиото на 4ТВ, кое е сместено во комплексот Џевахир во Општина Аеродром.

Скопје остана без саем во 2018 година, кога беше урнат комплексот на Скопски саем за на негово место да биде изграден трговскиот центар Ист Гејт. Од тогаш главниот град нема простор за организирање големи саемски, стопански и културни манифестации.

Уривањето на Скопски саем предизвика силни реакции кај архитектите, урбанистите и дел од јавноста. Во отворено писмо со наслов „И Саем е Скопје“, испратено во 2018 година, претставници на архитектонската фела предупредија дека се уништува значаен дел од македонското архитектонско и стопанско наследство.

ИЗДВОЕНИ