четврток, јули 16, 2026
Дома СВЕТ Лекарите му препорачаа на Трамп да вежба за да ослаби

Лекарите му препорачаа на Трамп да вежба за да ослаби

51
EPA/YURI GRIPAS / POOL

Личниот лекар на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека шефот на државата е во одлична здравствена состојба и целосно способен да ги извршува претседателските должности. Во извештај објавен од Белата куќа во петокот, капетанот Шон Барбабела рече дека Трамп, кој следниот месец ќе наполни 80 години, има „силна срцева, белодробна, невролошка и општа физичка функција“, објави Би-Би-Си.

Барбабела во извештајот ја забележа тежината на Трамп и модринките на раката, но нагласи дека претседателот е „целосно способен да ги извршува сите должности“.

Според извештајот, Трамп освоил максимални 30 од 30 поени на Монтреалскиот когнитивен тест, кој се користи за проценка на менталните способности и когнитивното здравје.

Американскиот претседател, кој следниот месец ќе наполни 80 години, тежи 108 килограми, што е за околу шест килограми повеќе во споредба со претходниот преглед. Лекарите му препорачале да продолжи со мерките за намалување на телесната тежина, правилна исхрана и физичка активност.

Во извештајот се наведува и дека неговиот пулс во мирување изнесувал 73 отчукувања во минута, а состојбата на неговото срце одговара на лице кое е приближно 14 години помладо од неговата реална возраст.

Трамп претходно изјавуваше дека не практикува редовно вежбање, освен играње голф, а во повеќе наврати нагласил дека не е љубител на трчање или тренинзи во фитнес-сала.

ИЗДВОЕНИ