четврток, јули 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА До 33 степени, па пресврт: Попладне дожд и грмежи, при крајот на...

До 33 степени, па пресврт: Попладне дожд и грмежи, при крајот на идната недела невреме

86

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, сончево со мала со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде релативно топло. Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во четврток се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд.

ИЗДВОЕНИ