Страшното невреме што зафати делови од Балканот деновиве, корнеше дрвја, оштети автомобили и згради, но главна ѕвезда во снимките за лошото време беше еден тоалет.
Силниот ветер проследен со дожд однесе мобилен хемиски тоалет неколку метри на граничниот премин, од Хрватска во Србија.
Оваа несекојдневна ситуација предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Меѓу повеќе од 700. коментари, има и политички, отсликувајќи ја тензичната ситуација меѓу Србија и Хрватска. Но, има и духовити.
– Нека провери полицијата дали има пасош и документи и какво е ова возило – напиша еден корисник на „Фејсбук“.
Друг, пак, прашува дали е платена царина за содржината на тоалетот.
Невремето што беснее на Балканот деновиве, помина низ Словенија, потоа дојде во Хрватска, па во Србија. Според метеоролозите, следна цел му е Македонија.