Што се случува ако сте ноќна смена за време на поместувањето на стрелките на часовникот – дали работодавецот треба да плати час повеќе?

257

Кога викендов стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад, за многумина тоа значи повеќе време за неделен појадок или спиење еден час повеќе. Но што ако треба да бидете на работа за време на оваа промена, односно во 3 часот наутро, ако сте ноќна смена, на пример, во пекарница. Дали пекарот треба да работи час повеќе?

Работното време на секој работник зависи од индивидуалните одредби на работниот однос. Тоа значи дека работната обрска не се зголемува автоматиски само затоа што ноќта трае подолго, пишуваат германските медиуми.

Ако не постојат соодветни прописи, а распоредот го предвидува тоа, ќе морате да работите час повеќе. Според судската пракса на Судот за труд, во такви случаи работодавачот има легитимен интерес да нема празнини меѓу смените.

Дневното работно време тогаш може да се продолжи од десет часа во ноќна смена – под услов во рок од четири седмици да не се надмине просекот од осум часа на работнот ден, пренесува феникс-магазин.де.

Како што наведуваат германските медиуми тоа е предвидено со членот 8 од Законот на работно време. Отстапувањата од ова се дозволени само во итни случаи и во случаи кога промената на распоредот не е возможна.

Дали прекувремениот час од променатана работното време мора да биде платен зависи од прописите на самиот работен или колективен договор.

Ако постои важечки пропис за тоа одреден број прекувремени часови да се надоместат со бруто месечна плата, дополнителниот час исто така е вклучен, наведуваат германските медиуми.

Ако е утврдено фиксно седмично работно време и ако е пропишано плаќање на прекувремената работа, во тој случај пречекорувањето на работното време и дополнителен час мора да се пратат како прекувремена работа.

Ако работниот или колективниот договор не содржат одредби за прекувремена работа, прекувремената работа и во тој случај обично мора да се плати.

ИЗДВОЕНИ