Студија спроведена меѓу пет илјади мажи открила што најмногу им го привлекува вниманието кога ќе видат жена што физички ги заинтересирала. Испитаниците објасниле дека токму стилот и целокупниот впечаток често откриваат нешто за карактерот, самодовербата и за енергијата што ги има жената
Многумина веруваат дека, при првата средба со жена, мажите најмногу ги привлекуваат совршените облини и провокативната облека, но едно големо истражување покажало дека, сепак, поинаку функционираат работите.
Студија спроведена меѓу пет илјади мажи открила што најмногу им го привлекува вниманието кога ќе видат жена што физички ги заинтересирала.
Задникот се нашол дури на осмото место, додека градите ја зазеле третата позиција. Мажите признале дека тие физички карактеристики, секако, ги забележуваат, но дека не се клучни во првиот момент кога навистина ќе ги заинтригира некоја жена.
Пред нив се нашле детали што на прв поглед изгледаат многу посуптилно. Косата, телесната тежина, па дури и начинот на облекување се покажале како поважни отколку што би очекувале многумина.
Испитаниците објасниле дека токму стилот и целокупниот впечаток често откриваат нешто за карактерот, самодовербата и за енергијата што ги има жената.
На второто место на листата се нашла насмевката. Голем број мажи рекле дека искрената насмевка ги привлекува повеќе отколку ладниот и недостижен изглед.

Жената што изгледа ведро, опуштено и пријатно, остава впечаток на личност на која сакаат да ѝ пристапат и подобро да ја запознаат. Токму насмевката, според нивните одговори, ја прави разликата помеѓу обичната физичка привлечност и вистинскиот интерес.
Сепак, апсолутен победник во истражувањето биле очите. Повеќето мажи навеле дека погледот прв им го задржува вниманието и дека токму очите оставаат најсилен впечаток.
Не станува збор само за бојата на очите туку и за изразот, длабочината на погледот и за емоцијата што жената ја пренесува. Многумина признале дека токму контактот со очите најмногу ги привлекува и буди желба за понатамошна комуникација.
Резултатите од истражувањето покажале дека првиот впечаток не се заснова само на физичкиот изглед. Мажите, барем според одговорите на овие пет илјади испитаници, многу повеќе реагирале на харизмата, енергијата и на начинот на кој влијае жената во контакт со другите отколку на самите пропорции на телото.












