Денес во Рим започнува дводневна шеста рунда израелско-либански преговори, објавува „Тајмс оф Израел“.
Ова е првата средба откако двете земји потпишаа рамковен договор во Вашингтон минатиот месец.
Се очекува разговорите да се фокусираат на пилот-програма во која либанските вооружени сили ќе ја преземат контролата врз територијата што ја напушта израелската војска, со цел да се обезбеди разоружување на милитантното движење „Хезболах“, поддржано од Иран.
Американска воена делегација се состана со либанската армија во Бејрут претходно оваа недела за да разговара за спроведување на израелското повлекување, пренесе „Бета“.












