понеделник, јули 6, 2026
Дома СКОПСКА Шалтерите за наплата на „Водовод“ в понеделник нема да работат

Шалтерите за наплата на „Водовод“ в понеделник нема да работат

91

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги известува корисниците на услуги дека по повод празникот Свети Кирил и Методиј, в понеделник шалтерите за наплата и рекламации во дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе се продолжи од вторник.

Од претпријатието ги повикуваат корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.

Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk.

 

 

ИЗДВОЕНИ