Тажна вест го потресе светот на мотоспортот откако на 41-годишна возраст почина Кајл Буш, еден од најуспешните возачи во историјата на НАСКАР. Двократниот шампион бил хоспитализиран поради сериозна здравствена состојба, само неколку дена пред легендарната трка „Кок-кола 600“. Причината за смртта засега не е официјално објавена.
Според американските медиуми, Буш претходно имал проблеми со синусите и се жалел на болки поради притисокот при возење. Во текот на својата блескава кариера победи 234 пати, во сите национални серии на НАСКАР и освои две шампионски титули во 2015 и 2019 година. Особено ќе се памети неговата титула во 2015 година, кога триумфираше, иако пропушти голем дел од сезоната. Кариерата ја почна во тимот Џо Гибс рејсинг, а подоцна го создаде и сопствениот тим КБМ. Веста за неговата смрт предизвика огромна тага меѓу навивачите и спортската јавност во светот.











