Една од најголемите тенисерки на сите времиња, Американката Серена Вилјамс, повторно се враќа на теренот на 44-годишна возраст, потег што ја потресе светската спортска јавност.
Американската легенда, која не настапуваше од САД опен во 2022 година, повторно ќе се појави на турнир, а нејзиното враќање се очекува на престижниот настан во лондонскиот Квинс Клаб, кој традиционално служи како подготовка за Вимблдон.
Серена ќе настапи во конкуренција на двојки, со што ќе започне ново поглавје во својата блескава кариера, речиси четири години по последниот официјален натпревар.
Нејзиното враќање предизвика вистински шок во спортот, бидејќи малкумина очекуваа дека сопственичката на 23 гренд слем титули повторно ќе се натпреварува на највисоко ниво.
За време на кариерата, Вилијамс освои вкупно 73 титули во поединечна конкуренција, а дури седум пати триумфираше на Вимблдон, каде што беше доминантна на тревна подлога. Токму затоа, нејзиниот избор да се врати во сезоната на трева се смета за симболичен и логичен чекор.
- Квинс Клаб е совршено место за нов почеток. Тревата ми донесе некои од најубавите моменти во кариерата, изјави Серена.
Според најавите, нејзина партнерка во двојки треба да биде младата Канаѓанка Викторија Мбоко, иако сè уште нема официјална потврда.
Информацијата предизвика огромен бран реакции кај навивачите и експертите, кои веќе дебатираат дали е ова само симболично враќање или почеток на нешто поголемо.
Директорката на турнирот, Лаура Робсон, исто така не го криеше воодушевувањето, нагласувајќи дека доаѓањето на Серена е огромен момент за тенисот.
Без разлика на конечниот исход, едно е јасно – враќањето на Серена Вилијамс повторно го насочи светскиот тенис во центарот на вниманието.











