сабота, јули 18, 2026
Дома СВЕТ По последниот руски напад: Зеленски ги повика САД и сојузниците да помогнат...

По последниот руски напад: Зеленски ги повика САД и сојузниците да помогнат во снабдувањето со системи „Патриот“

124
Фото: EPA/Christine Olsson SWEDEN OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Вашингтон и сојузниците да помогнат во снабдувањето со системи „Патриот“ по руските напади во текот на ноќта и утрово во Украина, во кои загинаа 18 лица.

„На Европа ѝ е потребен сопствен систем за балистичка ракетна одбрана за конечно да ја заврши оваа војна. А помошта на Соединетите Американски Држави е неопходна за снабдување со ракети „Патриот“. Сметаме на поддршката од нашите партнери и на ефикасен одговор на денешните напади“, напиша Зеленски на „Телеграм“.

Украинскиот претседател рече дека нападите ќе продолжат доколку Украина не биде заштитена од балистички ракети и други напади.

Според најновите бројки, 18 лица се убиени во руските воздушни напади.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека шест лица се убиени, а 66 се повредени во украинскиот главен град.

Дванаесет лица, меѓу кои и две деца, се убиени во источниот индустриски град Днепар, изјави регионалниот гувернер Олександр Ханжа на „Телеграм“, додавајќи дека спасувачките операции продолжуваат, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ