сабота, јули 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Кошта: ЕУ останува најважен партнер на Македонија, исполнувањето на веќе договореното во...

Кошта: ЕУ останува најважен партнер на Македонија, исполнувањето на веќе договореното во 2022 година останува следниот чекор кон членство

161
Фото:П.Стојановски

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, по денешниот состанок со премиерот Мицкоски во Скопје испрати јасна порака дека усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија.

Во своето обраќање, Кошта најпрво го поздрави напредокот во спроведувањето на реформската агенда, особено во делот на владеењето на правото и реформата на јавната администрација, како и целосното усогласување на државата со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

„Особено би сакал да го истакнам неодамнешниот опиплив напредок во спроведувањето на реформската агенда, кон усвојувањето на патоказите за владеење на правото и реформата на јавната администрација, што е значајно за пристапниот пат на Северна Македонија, но и за искористување на Планот за раст и пристапувањето“, порача Кошта.

Тој нагласи дека Европската Унија останува најважен партнер на Македонија и на Западен Балкан, но посочи дека следниот чекор кон членството зависи од исполнувањето на веќе преземените обврски.

„Но, усвојувањето на договорените уставни измени останува единствениот начин за формално започнување на пристапните преговори. Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во Европската Унија за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците“, истакна Кошта.

Според него, Европската Унија обезбедила мир, стабилност и економски развој за своите земји-членки, а проширувањето нуди исти можности и за земјите кандидати.

„Европската Унија е најсигурниот партнер на Западен Балкан и на Северна Македонија. Таа останува најголемиот инвеститор и најважен трговски партнер. Остануваме посветени да ве поддржуваме и понатаму, и политички и финансиски“, рече претседателот на Европскиот совет.

На крајот, Кошта порача дека моќта да ја обликувате вашата  за европската иднина останува во ваши раце.

Самитот во Тиват, каде што повторно ќе имаме можност да се сретнеме, му се обрати тој на Мицкоски, и рече дека тоа ќе биде поддршка на ЕУ и можност да го искористиме овој момент за проширување на Европската Унија, рече на крајот Кошта.

ИЗДВОЕНИ