четврток, јуни 4, 2026
Дома БАЛКАН Се затресе и Крит- регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според...

Се затресе и Крит- регистриран земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала

74

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18 часот и 51 минути, се наоѓа на 53 километри североисточно од Ираклион на длабочина од приближно 10 километри, се вели во соопштението.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ИЗДВОЕНИ