Се шири драматично видео од нов напад! Индија гори, Пакистан гаѓаше со ракети кон аеродромот/ВИДЕО

1074
EPA-EFE/FAROOQ KHAN

Новите пакистански напади на индиска територија дополнително ја влошија и онака експлозивната ситуација меѓу двете нуклеарни сили. Како што се шири преку групите на Телеграм, синоќа се појави видео кое наводно прикажува нови воздушни напади во индиската држава Пенџаб, вклучувајќи ја областа околу градот Џаландхар.

Засега се потврдени експлозии на две локации, но се уште не е познат бројот на жртвите.

Само неколку часа претходно пакистански балистички ракети го погодија аеродромот во Амритсар, потврдија индиски извори, велејќи дека силната детонација дошла од правец на аеродромот.

Конфликтот што врие од 22 април, кога вооружени напаѓачи убија 26 туристи во Пахалгам, во индискиот дел на Кашмир, прерасна во отворен воен конфликт. Тензиите ескалираа во текот на ноќта во вторникот, кога Индија изврши воздушни напади на пакистанска територија, тврдејќи дека целите биле исклучиво „терористички кампови“ поврзани со исламистичката група Лашкар-е-Таиба (ЛеТ).

Индискиот министер за одбрана Рајнат Синг нагласи дека нападите биле прецизни и не биле насочени кон цивилни области, додека Њу Делхи објави дека се уништени вкупно девет локации во кои наводно се сместени членовите на ЛеТ. Пакистан силно ги негира овие наводи, но претходно се закани со одмазда – што сега се чини дека е спроведена.

Во крвавата размена на оган досега загинаа 31 лице на пакистанска и 12 на индиска страна, што го прави ова најсмртоносниот конфликт меѓу двете земји во последните 20 години. Границата во Кашмир, која со децении беше точка на конфликт, повторно е претворена во бојно поле.

„Сакам да престанат. И се надевам дека ќе можат да престанат сега“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп од Белата куќа, повикувајќи на воздржаност од двете страни.

ИЗДВОЕНИ