Почна реконструкцијата на улицата кон Горно Оризари, која со децении беше во катастрофална состојба.
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски објави дека се поставува околу 4.000 квадратни метри нов асфалт, со што се обезбедува побезбедно, полесно и достоинствено движење за жителите.
Освен тоа, се поставува и ново детско катче, а целосно се реконструира спортскиот терен за децата и младите да имаат свое безбедно место за игра, спорт, дружење и правилен развој.












