
Неодамнешниот разорен земјотрес во Венецуела предизвика драматична геолошка промена во соседството. Дел од крајбрежјето на Тринидад и Тобаго нагло се издигна, а на одредени места копното се дигнало за нови шест метри над морето.
Научниците велат дека освен тоа, силното поместување на почвата поттикнало и создавање нов подводен вулкан. Се проценува дека новиот вулкански конус составен од мека глина, карпи и блокови богати со калцит, се издигнал околу четири метри над морското дно.
Но, поради постојаното дејство на силните морски бранови, постои голема опасност тој да се оштети и да еродира. Исто така, притисокот под земјата што го создал земјотресот во Тринидад и Тобаго активирал неколку калливи вулкани.
Брзото подигнување на копното има катастрофални последици за живиот свет во плитките води, како ражите, рибите, раковите и другите морски организми што останале на суво на новоформираната крајбрежна линија.











