Се реконструира дел од улицата „Никола Карев“ во Пробиштип за да се обезбедат подобри услови за одвивање на сообраќајот, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски.
Проектот предвидува целосно отстранување на стариот асфалт, поставување нова подлога и два слоја асфалт, како и изградба на потпорни ѕидови и на нови тротоари.
Според најавата на Тоневски, доколку дозволат временските услови, новиот асфалт ќе биде поставен следната недела. Паралелно со овие активности, предвидено е да се заврши и асфалтирањето на дел од улицата „Јаким Стојковски“.
– Продолжуваме посветено да работиме на подобрувањето на патната инфраструктура, зголемувањето на безбедноста во сообраќајот и на создавањето поквалитетни услови за живот на сите наши сограѓани – потенцира Тоневски.












