На Факултетот за драмски уметности во Скопје, на 19 октомври, во 19:00 часот ќе се одржи промоција на книгата „Девет комедии“ од Русомир Богдановски, наш реномиран драмски автор и професор по драматургија и сценарио во пензија.
Книгата опфаќа девет комедии пишувани во периодот од 1968 до 2025 година, вклучително со досега необјавената и сè уште неизведена, најнова пиеса – „Не плачи, Ленке“.
Во присуство на авторот, книгата ќе ја промовира театрологот и професор Деспина Ангеловска, а извадоци од комедиите ќе читаат студентите од IV година по актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје, од класата на професорот Ангелчо Илиевски.
Како специјален гостин, на студентите ќе им се придружи познатиот македонски актер и комичар, Благоја Чоревски.












