Делагација на Општина Делчево беше во посета на иселениците во Италија, каде била остварена плодна и конструктивна средба помеѓу градоначалницитет на Делчево, Иван Гоцевски, и на Монфорте д’Алба, Италија, Ливио Џенезио, при што биле поставени темелите за продлабочување на меѓуопштинската соработка.
Како што информира градоначалникот Гоцевски на неговиот фб профил, средбата претставувала значаен чекор кон воспоставување посилни партнерски односи и градење мостови помеѓу двете локални заедници. Во фокусот на разговорите биле размена на искуства и идеи за унапредување на локалните политики, со акцент на економскиот развој, туризмот и руралниот развој.
– Убедени сме дека ваквите партнерства носат конкретни придобивки за граѓаните и создаваат основа за долгорочен напредок и реализација на заеднички иницијативи – изјави Гоцевски.
Тој упатил благодарност за топлиот пречек и отвореноста за соработка од италијанската страна, изразувајќи очекување за реализација на идни заеднички проекти.
Градоначалникот нагласил дека во Монфорте д’Алба постои особена почит кон Делчево и кон иселениците од овој регион кои со децении живеат и работат таму.
– Подготвени сме во иднина заеднички да ги зајакнеме врските помеѓу нашите општини – наведува додава во објавата на социјалните мрежи Гоцевски, воедно оценувајќи ја средбата како почеток на поинтензивна соработка, која ќе придонесе за развој и поврзување на двете заедници.












