сабота, јуни 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци

Преспанското Езеро порасна за 90 сантиметри за шест месеци

6125

По години на пад, водостојот на Преспанското Езеро бележи раст., Според најновите мерења, нивото достигнаЛО 841.78 метри надморска висина, што е за околу 90 сантиметри повеќе во споредба со ноември минатата година.

Иако зголемувањето е значајно, експертите предупредуваат дека станува збор за краткорочен тренд. Преспанското Езеро со децении се соочува со сериозен пад на водата, при што во изминатите 60 години нивото е намалено за повеќе од 9 метри.

Езерото, кое се наоѓа на надморска висина од околу 850 метри, е исклучително чувствително на климатски промени, испарување и користење на водата за наводнување.

Иако актуелниот пораст носи оптимизам, научниците посочуваат дека за вистинско закрепнување се потребни долгорочни мерки и регионална соработка.

ИЗДВОЕНИ