петок, јуни 5, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА „Велигденска традиција“ обедини бројни посетители во Градец

„Велигденска традиција“ обедини бројни посетители во Градец

1796

Со голема радост и силно чувство на заедништво, во селото Градец, во неделата успешно се одржа манифестацијата „Велигденска традиција“, која обедини бројни посетители во духот на празникот.

-Настанот беше исполнет со топли емоции, празнична атмосфера и искрена радост, а богатата културно-уметничка програма донесе вистинско доживување за сите генерацииа – соопштија од Општина Крива Паланка.

Оттаму додаваат дека посебен белег на манифестацијата дале настапите на Раде Рогожаров, изворниот оркестар „Осоговски извор“ од село Оризари, Кочани, како и локалниот ансамбл КУЗ „Карпош“, кои со својата музика и енергија го збогатиле празничното чествување.

-Овој настан уште еднаш потврди дека традицијата, културата и заедништвото се најсилната врска што нè обединува – велат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ