сабота, јули 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Се предлага историски потег за смирување на цените на нафтата во услови...

Се предлага историски потег за смирување на цените на нафтата во услови на конфликт на Блискиот Исток!

1258

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предложи најголемо ослободување на резерви на нафта во својата историја, со цел намалување на цените на суровата нафта кои скокнаа за време на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, објавува „Волстрит џурнал“.

Предлогот предвидува ослободување на повеќе од 182 милиони барели на пазарот, повеќе од количината што земјите-членки на ИЕА ја ставија на располагање во две фази во текот на 2022 година, по руската инвазија на Украина, додаде финансискиот весник, повикувајќи се на извори.

Идејата беше изнесена на итен состанок на претставници од 32-те земји-членки на ИЕА одржан вчера, вторник, во Париз, а конечната одлука се очекува денес. Предлогот ќе биде усвоен доколку ниедна земја не се спротивстави, но дури и приговор од една членка би можел да го одложи планот, изјавија претставници.

Предлогот на ИЕА има за цел да ги реши огромните прекини предизвикани од речиси целосното затворање на Ормутскиот теснец, тесен воден пат што го поврзува Персискиот Залив со глобалните пазари. Околу една петтина од светските резерви на нафта минуваат низ теснецот секој ден, а заканата од ирански напади врз танкери го доведе транспортот во речиси целосен застој.

Иранските напади врз танкерите за нафта што минуваат низ теснецот се сценарио кое ги поттикна западните земји и нивните сојузници да ја формираат Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во 1974 година, по арапското ембарго за нафта. Организацијата, која ги обединува западните земји и нивните сојузници, поставува насоки за тоа колку сурова нафта членовите мора да држат во своите резерви и го координира ослободувањето на тие резерви за да ги заштитат своите економии од превирања на пазарот на нафта.

Членките на ИЕА држат 1,2 милијарди барели јавни резерви, плус дополнителни 600 милиони задолжителни комерцијални резерви, изјави во понеделник извршниот директор на агенцијата, Фатих Бирол. Грубо кажано, тоа е еквивалентно на околу 124 дена изгубена понуда од Заливот. Но, претходните испуштања на нафта од стратешките резерви имаа мешани резултати.

Особено успешно ослободување на резервите на нафрта се случи во 1991 година, кога тогашниот претседател Џорџ Х. В. Буш се подготвуваше за операцијата Пустинска бура, наредувајќи го првото ослободување на Стратешките резерви на нафта (SPR) истата ноќ кога коалицијата предводена од САД го нападна Ирак. Цените паднаа за повеќе од 20 проценти на првиот ден од инвазијата предводена од САД. До моментот кога коалициските сили ги нападнаа Ирак и Кувајт во февруари, нафтата од SPR веќе беше на пазарот.

ИЗДВОЕНИ