– Транспортот со велосипед се смета за еден од најефикасните и најеколошки начини на движење, бидејќи создава значително помалку CO2-емисии во споредба со моторните возила. Наместо гориво, велосипедот користи човечка енергија, што директно придонесува за намалување на загадувањето и за заштита на животната средина – потенцираат од „Зелен хуман град“.
Додаваат дека возењето велосипед не е корисно само за животната средина туку и за здравјето

Кризата со нафтата, поради војната на Блискиот Исток, која ескалираше и доведе до затворање на Ормутскиот Теснец од каде што поминуваат околу 20 % од светската нафта и која се почувствува и во Македонија, ги поттикна граѓанските активисти да бараат алтернативни решенија.
Тие сметаат дека постои лесен и едноставен начин за транспорт во урбаните делови на државава, кој не само што овозможува заштеда на средства од семејниот буџет туку и заштитување на животната средина и на планетата Земја, како и воведување придружна физичка активност во секојдневниот живот, а тоа е користењето велосипед.
Притоа, од „Зелен хуман град“ се залагаат за изградба на велосипедски патеки и ленти на секои 250 метри, како и за праведна распределба на буџетот со најмалку 15 % за пешачка и 15 % за велосипедска инфраструктура и проширување на веломрежата од околу 144 на најмалку 300 километри, со велопријателски крстосници, конектори низ населбите и со повеќе зеленило. Со тоа, нагласуваат дека Скопје би станало еден од највелопријателските градови на Балканот.
– Транспортот со велосипед се смета за еден од најефикасните и најеколошки начини на движење, бидејќи создава значително помалку CO2-емисии во споредба со моторните возила. Наместо гориво, велосипедот користи човечка енергија, што директно придонесува за намалување на загадувањето и за заштита на животната средина – потенцираат од „Зелен хуман град“.
Додаваат дека возењето велосипед не е корисно само за животната средина туку и за нашето здравје. Односно дека велосипедизмот придонесува за подобрување на кардиоваскуларното здравје, зајакнување на мускулите и за подобрување на општата физичка кондиција. Но, истовремено, секојдневното движење со велосипед помага за намалување на стресот, подобрување на расположението и за одржување здрава телесна тежина.
Од „Зелен хуман град“ нагласуваат дека со години наназад, во континуитет, предлагаат мерки со цел максимизирање на потенцијалите за обновлива енергија, кои Македонија ги има во изобилство токму за, како што велат, во ваква ситуација на геополитичко превирање да не бидеме, како држава, увозно зависни од соседите и од „нашите стратешки партнери“ за основните потреби за живот.
(А. П.)












