Руската химна, конечно, се слушна на спортските натпревари. Имено, руската параолимписка скијачка Варвара Ворончикина (23) победи на трката во супервелеслалом, а потоа имаше можност да слави со химната, на највисокиот подиум.

Руската химна повторно беше свирена на Игрите, првпат од Зимските олимписки игри во Сочи, во 2014 година. Моментот беше прогласен за историски, иако донекаде контроверзен. Сепак, важно е да се спомене дека немаше извици или свирежи во текот на свирењето на химната и можеше да се слушне аплауз откако заврши.

  • Честитки до Варвара Ворончикина за првиот златен медал на Русија на Параолимписките игри. Руската химна повторно одекна – напиша рускиот министер за спорт, Михаил Дегтјарев, на социјалната мрежа „Телеграм“.

ИЗДВОЕНИ