понеделник, јули 13, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Се подготвува масовна акција против дивите препродавачи

Се подготвува масовна акција против дивите препродавачи

1

Општина Куманово, заедно со повеќе државни институции, подготвува масовна акција против дивите препродавачи на неколку локации во градот, најави градоначалникот Максим Димитриевски.

Според него, проблемот со дивата продажба трае со години, а досегашните акции не ги дале посакуваните резултати поради сложената координација меѓу надлежните институции.

– Одржавме заеднички состанок со сите менаџери во овие институции и усогласивме план, начин на работа и динамика што ќе започне и веќе се подготвува таква акција, но не можам јавно да соопштам кога ќе биде, бидејќи ако ја соопштиме јавно, кога ќе излеземе на самото место, ќе видите дека ги нема таму и таа да не биде пробиена. Ќе бидат вклучени инспектори, претставници од сите институции од други градови, ќе се направи една масовна акција – изјави Димитриевски.

 

 

ИЗДВОЕНИ