понеделник, јули 13, 2026
Дома МАГАЗИН По огромниот успех на песната „Лидија…..качи се, па види ја“!!!

По огромниот успех на песната „Лидија…..качи се, па види ја“!!!

0

Јанг Дади, синчето на мама!

 Откако со песната „Лидија… качи се, па види ја…“ ја освои домашната публика и за само три месеци „собра“ речиси над два милиони клика, македонскиот музичар Давид Даниловски или попознат по прекарот Јанг Дади повторно го привлекува вниманието, сега со најновата „Син на мама“. Оваа песна не само што имa заразен ритам, туку и видеоспотот е со голема доза македонски хумор.

Најголемо изненадување во самото видео е учеството на познатата Миа Костова, која се појавува во улогата на мајка на Јанг Дади. Таа будно ги „тестира“ сите девојки што се обидуваат да го освојат срцето на нејзиното синче, создавајќи комични ситуации. Покрај неа, во видеото настапуваат и: Тијана Скулиќ, Гала Поњавиќ, Елиана Христи, Јоана Делова и Марта Михајловски. Видеоспотот е реализиран во продукција на „Такат студиос“, а режијата ја потпишува Генц Халими.

Јанг Дади повторно се потпишува како автор на музиката, текстот и концептот на песната, додека за аранжманот, миксот и мастерингот е задолжен Андреј Ник. „Син на мама“ има и дополнително значење за Јанг Дади, бидејќи станува збор за прв негов музички проект кој го објавува „Авалон“. Паралелно со промоцијата на оваа нова песна, Јанг Дади го подготвува и првиот солистички концерт. Ќе се одржи на 12 септември, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.    (Д. М.)

 

ИЗДВОЕНИ