четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Се одлага почетокот на зонското паркирање во Реонски Центар, зона Д12

Се одлага почетокот на зонското паркирање во Реонски Центар, зона Д12

217

По реакциите на жителите од Ново Лисиче, ЈП „Градски паркинг“ информира дека го пролонгира воведувањето на зонското паркирање, односно започнувањето со работа на зоната Д12 во Реонски Центар, предвидено за од вчера.

Пролонгирањето ќе биде сè до комплетирањето на сите неопходни активности.

-Тоа подразбира целосна усогласеност на сообраќајниот проект за зонско паркирање за новата зона Д11 – Ново Лисиче и поставување соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација. Целта е спроведувањето на зонското паркирање во овој дел од градот да биде комплетно, правично и паралелно, без притисок и прелевање на проблемот со паркирање од една во друга зона – соопштија од ЈП „Градски паркинг“.

Притоа, се надеваат дека во текот на мај 2026 година ќе се почне со реализација на зонското паркирање во двете зони Д11 и Д12.

Истовремено, се одложува и процесот за прибирање на потребната документација од заинтересираните корисници за паркирање.

Жителите на Ново Лисиче ја поздравуваат одлуката на ЈП „Градски паркинг“ за одложување на примената на зонското паркирање само во Реонски Центар и за разбирањето за нивните проблеми со кои секојдневно се соочуваат.

Тие побараа паралелно спроведување на зонското и во Реонски Центар и во Ново Лисиче откако скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на Општина Аеродрoм, Дејан Митески, најавија дека на 1 април ќе почне да функционира зонското паркирање во Реонски Центар, водени од тоа дека токму овие градоначалници им ветиле дека ќе оди овој процес единствено паралелно на двете локации за да нема прелевање на проблемите од едната на другата страна при селективното спроведување на зоните.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ