четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Ангажирање служба за 24-часовно дежурство на депонијата во Арачиново

Ангажирање служба за 24-часовно дежурство на депонијата во Арачиново

43

Координацијата на активностите поврзани со ангажирањето служба за 24-часовно дежурство на депонијата на територијата на Општина Арачиново, со цел заштита од нејзино потенцијално потпалување, била една од темите за кои се разговарало вчера, на работниот состанок меѓу директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, а на кој присуствувал и командантот на полициската станица во Арачиново.

Од ЦУК информираа дека целта е унапредување на координацијата и превентивно дејствување при справувањето со потенцијалните ризици.

Дополнително, било договорено да се реализира обука во основните училишта на територијата на Општината, со цел едукација на наставниот кадар и на учениците за навремено препознавање и ефикасно справување со евентуалните ризици и кризни состојби.

– Соговорниците ја потврдија подготвеноста за континуирана соработка и заедничко дејствување, а приоритет се безбедноста на граѓаните и заштитата на животната средина – соопштија од ЦУК.

 

ИЗДВОЕНИ