понеделник, јули 20, 2026
Дома СКОПСКА Се обновува спортската сала во училиштето „Панајот Гиновски“ во Бутел 2

Се обновува спортската сала во училиштето „Панајот Гиновски“ во Бутел 2

55

Обновувањето на спортската сала во основното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел 2 напредува со одлична динамика. Таа се реконструира првпат по 70 години.

Од Општина Бутел информираат дека се поставува нов под, се врши реконструкција на санитарните јазли и се градат нови соблекувални.

– Локалната самоуправа обезбедува квалитетни услови за практикување на училишните спортови и за непречено одвивање на наставата по физичко и здравствено образование – велат од Општина Бутел.

Оттаму додаваат дека се реализира овој значаен проект со поддршка од Министерството за образование и наука.

Инаку, во ова училиште беше поставена нова енергетско ефикасна фасада и беше изградено ново фудбалско игралиште со вештачка трева.

Општинските власти најавуваат дека наскоро ќе почнат со активности за надградба на училиштето и ќе се создадат услови за воведување едносменска настава.

ИЗДВОЕНИ