четврток, јуни 4, 2026
Дома СКОПСКА Се обновува повеќенаменското игралиште во Мралино   

Се обновува повеќенаменското игралиште во Мралино   

56

Општина Илинден започна со реконструкција на повеќенаменското игралиште во населеното место Мралино, со што продолжува континуираното вложување во подобрување на спортската инфраструктура и создавање поквалитетни услови за спорт и рекреација на младите.

Од локалната самоуправа велат дека проектот предвидува целосно уредување на игралиштето, при што ќе се изврши замена на заштитната ограда, поставување нова јутена мрежа на головите, како и поставување нови голови за мал фудбал. Дополнително, ќе се изврши модернизација на осветлувањето со нови ЛЕД светилки, а теренот ќе добие и нова вештачка трева и мини трибина.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, потенцираше дека со реализација на овој проект младите ќе добијат современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација.

-Како локална самоуправа, остануваме посветени на унапредување на условите за живот на нашите граѓани, со посебен акцент на младите – нагласи Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постојните игралишта и во другите населени места.

ИЗДВОЕНИ