Јелена Карлеуша одржа спектакуларен концерт во Скопје пред скоро преполна сала “Јане Сандански“. Омилената пејачка концертот го започна со песната „Мата Хари“, а понатаму се стори магија. Впрочем, тоа се стори истата вечер кога и поп-дивата Калиопи во “Т-Арената“ имаше концерт. Тие двете не се конкуренција една на другата и секоја си има своја публика од различен профил. Концертот на Јелена е рај за очите, вистинско  аудио-визуелно, светско шоу. „Мала од скандала“ има верна армија од свои македонски фанови кои ја сакаат , а сакаат со неа и да пеат. Злобниците велат дека Карлеуша  знае да прави само сценски спектакл. Но, гарант не е точно дека не знае да пее.Песните што ги пееше, сите присутните ги пееја со неа што значи дека се познати, слушани, омилени мелодии. На самата сцена Јелена со танчарите неколку часа ја држеше публиката во позитивен транс. Сето тоа совршено зачинето со еротски набој, се разбира понајмногу интересен за машки очи. И секако со совршена организација. Се беше под контрола.

А и овој пат и таа и нејзиниот гостин Боки 13 привлекоа внимание со впечатливиот сценски стајлинг со посебна нагласка на сексипилот. Оние кои ги сакаат како такви добија шоу за кое впрочем и дојдоа. Задоволство беше двојно. И на Карлеуша и на нејзините македонски обожаватели. Тие по завршувањето на ова гламурозно концертно-шоу заслужено ја испратија како холивудска ѕвезда!!!

(Д.М.)

 

ИЗДВОЕНИ