Лидерите на ЕУ денеска го завршија самитот во Брисел без договор за буџетот. Исходот вклучува нов недостиг од 70 милијарди евра во финансирањето за Украина, како и отворени спорови во врска со енергетиката и миграцијата; сепак, постои и обновена решеност за воспоставување нови инструменти за трговска одбрана, кои би ѝ овозможиле на Унијата да ѝ парира на Кина, пренесува „Еуроњуз“ (Euronews).
Лидерите на ЕУ се собраа во Брисел во четвртокот и денеска, со дневен ред што ги опфаќаше долгорочниот буџет, финансиската поддршка за Украина, миграцијата, енергетиката и односите со Кина.
Лидерите водеа опсежни дискусии за претстојната Повеќегодишна финансиска рамка (ПФР), но беше постигнат мал напредок, бидејќи некои земји останаа цврсти во своите ставови, пренесува „Танјуг“.












