петок, октомври 16, 2026
Дома БАЛКАН Српски медиуми: Десет новинари од телевизијата Н1 поднесоа оставки

Српски медиуми: Десет новинари од телевизијата Н1 поднесоа оставки

0
Фото:википедија

Десет новинари од телевизијата N1 поднесоа оставки, потврдено е за „Време“.

Меѓу нив се Даница Вучениќ, Наташа Миљковиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ана Новаковиќ, Соња Косовиќ, Ксенија Павков, Жаклина Таталовиќ, Жана Булајиќ, Адам Сантовац и Димитрије Ѓуриќ, пренесува „Време“.

Според медиумот, ова се случува во момент кога редакцијата на порталот „Нова.рс“ е под притисок од раководството, бидејќи одбива да прифати наметнување на нов главен уредник. Тие стравуваат дека тоа би било чекор кон задушување на независното новинарство што досега се негуваше таму.

Новинарите од Н1 кои поднесоа оставки потврдија за „Нова.рс“ дека оваа информација е точна.

ИЗДВОЕНИ