четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ САД ставија вето на руската резолуција за прекин на огнот на Блискиот...

САД ставија вето на руската резолуција за прекин на огнот на Блискиот исток

214
Фото: EPA/OLGA FEDOROVA

Соединетите Американски Држави денес ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН предложена од Русија, со која се повикува на прекин на огнот на Блискиот Исток и се осудуваат нападите врз цивили.

За резолуцијата гласаа „за“ четири земји, а девет беа воздржани, додека САД, како постојана членка на Советот за безбедност, ставија вето, а Латвија гласаше против, објави „Спутник“.

„Длабоко сме разочарани што Советот за безбедност денес не успеа да усвои толку неопходна резолуција“, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензија, за време на седницата на Советот за безбедност.

Во презентираниот руски документ се повикуваат „сите страни“ веднаш да ги прекинат воените операции „на Блискиот Исток и пошироко“.

Текстот доставен до Советот за безбедност на гласање беше поддржан од Бахреин, другите членки на Советот за соработка во Заливот (Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Оман и Катар) и Јордан.

Вкупно 135 земји-членки на ОН ја поддржаа предлог-резолуцијата пред седницата на Советот за безбедност на ОН, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ