сабота, јули 18, 2026
Дома СПОРТ Мбапе не е задоволен од настаните во последните 3 месеци!

Мбапе не е задоволен од настаните во последните 3 месеци!

82
epa11845602 Real Madrid's Kylian Mbappe in action during the UEFA Champions League soccer match between Real Madrid and RB Salzburg, in Madrid, Spain, 22 January 2025. EPA-EFE/JuanJo Martin

По одличниот почеток на сезоната, феноменалните партии на Килијан Мбапе паднаа во втор план и тоа поради повредата на коленото која го мачи од декември.

Станува збор за релативно хронична болка во коленото што повремено го мачи и го оддалечува од остатокот од тимот.

Поради сето ова, тој веќе пропушти неколку натпревари за шпанскиот гигант Реал (М), а под знак прашалник е и неговиот настап на првиот 1/8 финален натпревар во Лигата на шампиони против англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.

Играчот и клупските ченици се надеваат дека тој ќе може да игра, но прашањето е дали дотогаш ќе се опорави и дали ќе биде подготвен да игра.

Според шпанскиот весник „Марка“, Мбапе е многу незадоволен од медицинскиот тим на Реал (М) и нивната работа во текот на изминатите три месеци.

На Французинот не му се допаднало како се справиле со повредата на коленото и фактот дека има постојана болка.

Тој верува дека медицинскиот персонал не успеал да ја реши причината за неговата болка во текот на изминатите три месеци, па затоа решил да побара второ мислење.

Неодамна отпатувал во својата татковина Франција за да се консултира со неколку лекари за неговата ситуација.

Мбапе се надева дека новиот агол на дијагнозата би можел да помогне во неговиот третман, но дали тоа ќе се случи останува да се види.

Брилијантниот напаѓач беше во Франција на денот на натпреварот на Реал (М) против Бенфика минатата недела и имаше дозвола од клубот за своето патување.

На крајот на краиштата, Мбапе и сите околу него се апсолутно фрустрирани од целата ситуација.

Пред десетина дена, имаше сомнежи за изворот на болката во неговото колено, а одредувањето на точната локација би помогнало во целниот третман.

Како што стојат работите, тековната сезона е веќе најлоша досега за Мбапе, барем во однос на бројот на пропуштени тренинзи и натпревари поради повреда.

ИЗДВОЕНИ