Русија ослободи еден пензиониран американски наставник, кој беше затворен под обвинение дека се борел како платеник во Украина, изјави денеска американскиот пратеник Стив Виткоф за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург.
Стивен Хабард, од Мичиген, во 2024 година беше осуден на речиси седум години затвор по судење зад затворени врати.
Обвинителите тврдеа дека тој потпишал договор со украинската војска откако Русија испрати трупи во Украина во февруари 2022 година, и дека се борел на нивна страна сè додека не бил заробен два месеци подоцна.
Владата на САД, под администрацијата на Џо Бајден, го класифицираше Хабард како лице кое е неправедно притворено.
Во средата, Путин му кажал на Виткоф дека Хабард, по неговото ослободување, се наоѓа на аеродромот „Пулково“ во Санкт Петербург.
Виткоф се обидуваше – но без успех – да ги насочи Русија и Украина кон договор за ставање крај на војната, која во февруари ќе влезе во својата петта година.
Претходно оваа недела, Трамп навести можност за негово ослободување, изјавувајќи им на новинарите во Белата куќа: „Разговарав со претседателот Путин за г-дин Хабард. Имавме долг разговор. Го замолив да го ослободи. Ќе видиме што ќе се случи“.












